ММФ објави колку чини да се стави крај на пандемијата

Меѓународниот монетарен фонд бара дополнителни 50 милијарди долари да се потрошат за да се забрза кампањата за вакцинација против коронавирусот.

ММФ посочува дека на крајот, тој трошок може да генерира поврат од девет милијарди долари во глобалната економија.

Google search engine

ММФ апелираше, најмалку 40 проценти од светската популација да бидат вакцинирани до крајот на оваа година, а најмалку 60 проценти до јуни 2022 година, пренесува CNBC.

Досега, само околу 9,5 проценти од светската популација примила барем една доза вакцина, покажува статистиката на научното онлајн списание „Our World in Data“, стационирано на Универзитетот во Оксфорд.

„Ниту една земја не може да се врати во нормала се додека сите земји не успеат да ја победат пандемијата“, гласи новиот извештај на ММФ под наслов „Предлог за ставање крај на пандемијата од Ковид – 19“.

За да се постигне ова, Фондот смета дека треба да се направат глобални напори да се издвојат уште 50 милијарди долари за зајакнување на глобалната програма за вакцинација. Овие дополнителни средства ќе бидат искористени за зголемување на опфатот на вакцините од програмата Ковакс на 30 проценти од светот, потоа за купување дополнителни тестови и за проширување на капацитетот за производство на вакцини.

Што се однесува до тоа како би се собрале тие средства, ММФ вели дека најмалку 35 милијарди долари може да бидат обезбедени од јавни, приватни и мултилатерални донатори, а остатокот од владите, што потенцијално може да биде поддржано од мултилатерални агенции.

Во извештајот се наведува дека веќе има најмалку 15 милијарди долари на располагање од програмата за финансирање за борбата против ковид кои ги креираа развојните банки, како што се Светската банка и Азиската банка за развој.

„ММФ исто така може да игра улога во помагањето на земјите да ги исполнат своите потреби за финансирање, поддржувајќи ги напорите на самите земји да создадат фискален простор и потенцијално да дејствуваат како трета финансиска линија во итни случаи“, се додава.

Меѓународниот заемодавател со седиште во Вашингтон во април рече дека глобалната економија се очекува да порасне 6,0 проценти оваа година и 4,4 проценти во 2022 година. Сепак, од избувнувањето на пандемијата, ММФ предупредува на нееднаквите последици од здравствената криза и како резултат на тоа произлезе и економската криза.

„Социјалните и економските трошоци за пандемијата продолжуваат да растат, а разликите во закрепнувањето меѓу богатите и сиромашните земји се чини дека се влошуваат“, се вели во соопштението на ММФ.

ПретходнаНа граѓани им се брза: Рестораните секој ден закажуваат по десетици свадби
СледнаСекој ден пијте по една чаша – Моќен напиток кој го намалува холестеролот