Во новогодишната ноќ 1999 година, наместо тогашниот претседател Борис Елцин, младиот Владимир Путин им се обрати на граѓаните на Русија со изјава дека претседателот поднел оставка и дека ќе ги преземе сите свои должности се додека не се организираат нови избори затоа што самиот претседател Борис Елцин го бараше тоа од него.
Почитувани сонародници, денес претседателот ме замоли да ги преземам сите одговорности на шефот на државата.
Путин тогаш спомена дека ништо значајно нема да се промени и дека сите закони, како и Уставот на Руската Федерација, ќе бидат почитувани до крај. Тој имаше само пофални зборови за тогашниот претседател.
Ќе можете да видите што направи овој човек за Русија по одредено време, фактот дека Русија продолжи по патот на демократијата и дека е независна држава е голема заслуга на Елцин.
Тој му посака здравје и среќа на претседателот Борис Елцин, како и на целиот руски народ.
Да ги прегрнеме своите најблиски и да си посакаме среќа и љубов, да ги кренеме чашите и да наздравиме за новиот век во Русија, заклучи Путин.
Интересно е како изгледаше тогаш Путин, а како изгледа денес. Што би се рекло, сосема друг човек!