Во Земун во стан во улицата Живка Петровица пронајдено е тело на млада жена (27).
Полицијата ја пронашла мртва со тешки повреди на главата и завои преку устата и носот, бидејќи претходно повиканите служби за итна помош можеле да констатираат само смрт. Лекарите потоа побарале асистенција од полицијата која потоа извршила увид.
Според првичните информации, се работи за семејно насилство кое завршило со убиство и приведување на осомничениот – сопругот (33).
Соседите рекле дека таа живеела во станот со сопругот и децата.
Кога пристигнала полицијата, станот бил празен, во него не го нашле ниту сопругот, ниту децата. Но, малку подоцна на местото на убиството се појавил и сопругот кој веднаш бил приведен како осомничен, по што му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Како што се испоставува, тие живееле таму нерегистрирани. Приведениот сопруг по потекло е од Бујановац.