Млад, богат и глупав: Момче уништило „Lamborghini“ обидувајќи се да пече месо на него

Уништувањето на егзотичните автомобили со цел креирање на вирални видео клипови практично стана рутина на ултра богатите, кои постојано се обидуваат да добијат или очајнички да ги продолжат своите 5 минути слава.

Последното такво видео нѝ доаѓа од Кина, во кое еден млад сопственик на „Lamborghini“ направил будала сам од себе, обидувајќи да се стори нешто неописливо глупаво. Инцидентот се одиграл во кинеската провинција Хунан каде се собрала група на сопственици на суперавтомобили во една подземна гаража. Тие мислеле дека е забавно да потпечат месо на пламенот кој излегува од трапезоидниот издувен дел на „Lamborghini Aventador“.

Не мора да бидете доктор на наука за и самите да сфатите дека константното турирање на „ѕверскиот“ V12 мотор додека автомобилот е паркиран доведува до прегревање, а со самото тоа и до дефект. Но, кога сте богати, таквите ситни детали веројатно ретко можат да ве одвратат од вашите намери.

Според некои објави, поправката на „Lamborghini“ уништено на овој начин може да чини и до 79.000 долари, што го прави претходно споменатото месо најскапо на светот. Се прашуваме дали вкусот ја оправдал својата цена…

Погледнете го видеото: