Митревски пак херој на Порто, му донесе победа со одбрана во последната секунда!

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски одново имаше клучна улога во победата на Порто во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето кај Динамо Букурешт (26-27).

Митревски имаше девет одбрани на овој натпревар, но дефинитивно најважна и најхеројска беше последната, рефлексна, вредна победа во Букурешт. Во последните секунди Динамо напаѓаше за реми при резултат 26-27 за Порто. Одговорноста ја презеде Тунижанецот Банур, биеше од земја од девет метри, но неговиот удар со помош на стативата го скроти македонскиот голман.

Google search engine