Мистерија го опкружува „фантомскиот остров“ во Јужен Пацифик кој се наоѓа на бројни мапи, почнувајќи од „Google Maps“, но кога научниците отишле да истражат што се наоѓа таму, останале збунети бидејќи не пронашле ништо.
Чудниот појас на земјата, познат како Сенди Ајленд, бил енигма долга низа години откако бил забележан на многу мапи, вклучувајќи и „Google“, најмалку една деценија.
Позиционирана помеѓу Австралија и Нова Каледонија, оваа темна дамка се појавила на „Google Earth“, наизглед различна од островите во близина која би укажувала на детали за копно – така што енигмата продолжила.

И покрај тоа што на мапите било забележано копно, научниците кои се упатиле на ова подрачје не наишле на ништо друго освен на сини морски бранови, што е далеку од првобитните очекувања.
„Google“ на 26-ти ноември 2012 година го отстрани т.н. Сенди Ајленд од „Google Maps“, но корисниците се сеќаваат дека воочиле нешто од сателитскиот приказ на морското дно.
Корисниците на „Google Earth“ останале запрепастени во текот на годините кога го воочиле „фантомскиот остров“ кој датира од времето кога британскиот истражувач, капетанот Џејмс Кук нацртал „Sandy I“ на североисточниот брег на Австралија, пренесува „Daily Express“.

Сепак, забележан е повеќе од 100 години подоцна, во 1895 година, кога се верувало дека островот е долг 230 километри и широко 50 километри.
Мистеријата е всушност откриена на 22-ри ноември 2012 година, само 4 дена пред да биде отстранета од „Google Maps“, кога австралиските научници на „R/V Southern Surveryor“ ја „разоткриле“ мистеријата, не наоѓајќи ништо друго освен море.
Научниците се упатиле кон тоа подрачје и забележале дека длабочината на океанот е повеќе од 1300 метри, што е далеку од земјата која ја очекувале, што сугерира дека нема шанси нешто да се крие под водата што претходно би било видливо.
„Сакавме да го провериме тоа бидејќи навигациските карти на бродот покажале длабочина на вода од 1400 метри во тоа подрачје – многу длабоко. Се наоѓа на „Google Earth“ и други мапи, па отидовме да провериме што има и немаше остров. Навистина сме збунети, прилично е бизарно“, вели Марија Сетон од Универзитетот во Синдеј за „AFP“.