Мистеријата со исчезнатата инфлуенсерка: Полицијата го пронашла телото, нејзиниот свршеник одбил да каже што се случило, па и тој исчезнал

За жал, потрагата имала трагичен резултат бидејќи полицијата пронашла тело на жена која наликува на Габи во близина на потокот Спред во Вајоминг, во подрачје наменето за кампување.

Светот на инфлуенсерите бил растажен од веста за исчезнувањето на Габи Петито, 22-годишна инфлуенсерка која исчезнала на патувањето со свршеникот Брајан Лаундри. За жал, потрагата имала трагичен резултат бидејќи полицијата пронашла тело на жена, која наликува на Габи, во близина на потокот Спред во Вајоминг, во подрачје наменето за кампување, пишува “People”.

Реклама

ФБИ потоа на прес-конференција потврдил дека пронајдените човечки остатоци одговараат на оние на описот на инфлуенсерката, но оставиле мала доза на надеж бидејќи се уште не е завршена целосната идентификација, па се уште не може да се потврди дека станува збор за Петито.

Причината за смртта се уште не е утврдена, а полицаецот Чарлс Џонс го известил семејството за пронаоѓањето на телото.

“Прво и најважно, во името на ФБИ и останатите полициски службеници би сакал да изразам искрено сочувство до семејството на Габи. Како што секој родител може да замисли, ова е неверојатно тешко време за семејството и за пријателите. Нашите мисли и молитви се со нив. Ве молиме да ја почитувате нивната приватност додека тагуваат по својата ќерка”, рекол Џонс.

Полицијата трага по нејзиниот свршеник, но не се знае дали е осомничен за нешто. Имено, Брајан пристигнал дома на 1-ви септември, а на полицијата и нејзиното семејство не сакал да и каже каде се наоѓа Габи. Парот од Флорида патувал со комбе, посетувал националните паркови, а и двајцата на Инстаграм објавувале фотографии. Многумина се сомневаат во свршеникот бидејќи полицијата од Јута рекла дека парот физички се пресметувал, но тие тогаш кажале дека се е во ред, дека планираат да се венчаат и дека не сакаат да поднесат пријава. Во извештајот пишува дека Петито била збунета и многу емотивна при средбата со полицајците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

Инфлуенсерката последен пат со семејството се слушнала на 30-ти август, но се сомневаат дека тоа не била нејзина порака, бидејќи само напишала дека нема сигнал во националниот парк Јосемити. Петито и Брајан живееле во куќа со неговите родители, а полицијата набрзо во нивниот двор го пронашла комбето со кое парот патувал.

После тоа свршеникот исчезнал, а неговото исчезнување во полицијата го пријавило неговото семејство.

“Моментално не го истражуваме злосторството туку работиме на случај со повеќе исчезнати лица”, рекле од полицијата.

Тие и претходно тврделе дека Брајан не е осомничен, туку е лице од интерес. Но, јавноста и семејството на Габи веруваат дека тој е виновен за нејзиното исчезнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

 

Реклама