Мистеријата конечно е решена: Еве колку долго делува кафето

Утринското кафе на многумина им е единствен начин успешно да ги отворат очите и да го започнат новиот работен ден, но и тој учинок не е вечен, велат научниците.

Имено, едно истражување покажа дека постојат ситуации во кои кофеинот повеќе нема исто дејство, а тоа е по три дена лош сон.

Google search engine

Многу е едноставно – колку помалку спиете толку кофеинот послабо делува бидејќи телото повеќе нема доволно енергија за да го поддржи.

Во текот на истражувањата е извршен експеримент благодарение на кој е докажано дека ненаспиените луѓе кои земале кофеин, за разлика од другите групи кои земале плацебо биле понервозни и попоспани од нив.

Ако знаете дека ви следат неколку напорни денови обидете се да се наспиете со цел кафето да ви даде дополнителен стимуланс кој ќе ви помогне да издржите.