Мистерија зад фотографија од Авганистан која го запрепасти светот: Приватен авион од Кабул заминал речиси празен!?

На социјалните мрежи се шири фотографија од речиси празен авион кој полетал од Кабул.

Фотографијата ја објавил новинарот на “CNN”, Александер Маркарт, кој во твитот објаснил дека тоа е еден од трите чартер летови кои ги платиле Џорџ и Марија Аби-Хабиб, соосновачи на “Sahara International” со седиште во Вашингтон. Таа компанија веќе долго време работи во Авганистан.

Google search engine

Позадината на приказната за празниот лет, за “Wall Street Journal” ја објаснил Џорџ Аби-Хабиб.

Рекол дека платил чартер лет со кој сакал да префрли Авганистанци во Уганда, но се појавиле проблеми на аеродромот во Кабул. Американските маринци кои го чувале влезот на аеродромот одбиле да ги пуштат Авганистанците кои имале право да влезат во авионот. Жена со потекло од Уганда морала да ползи низ канализациска цевка за да влезе на аеродромот, рекол Аби-Хабиб за весникот.

Откако Аби-Хабиб со денови се обидувал да го реши проблемот, авионот со 345 седишта, морал да полета од Кабул со само 50 патници, пренесува “Index.hr”.

“Не можеме да очекуваме сите да ползат во канализациски цевки. Времето истекува”, рекол Аби-Хабиб.

“Wall Street Journal” наведува дека нешто слично се случило со чартер летот кој требало да оди во Украина. Околу 40 Авганистанци кои имале право да влезат во авионот не биле пуштени на аеродромот. По два дена авионот со 240 седишта, полетал со околу 70 празни седишта.