Мануел Стојановиќ е еден од ретките, ако не и единствениот, кој профитираше по реалното шоу. Поранешниот фудбалер беше учесник во „Големиот брат“, а сега е фудбалски менаџер кој прави големи трансфери на играчи ширум светот.
Овој шармантен рјалит ас од Пирот многумина го паметат по хуморот, расправиите и интересните изјави кои ги даде за време на неговото учество во овој формат.
Во 2009 година учествува во споменатото реално шоу, каде што стекна голема популарност, а потоа се повлече од јавниот живот. Тој целосно го промени својот живот, а иако доби понуди да се врати во шоуто, тој одби.
Стојановиќ сега заработува милиони, а на својот Инстаграм профил често споделува фотографии од патувања, излети и скапи автомобили.
Егзотичните дестинации, посетите на најголемите европски стадиони, уживањето во друштво на убавиците, излегувањата низ светските метрополи се само дел од неговиот сегашен живот.
Стојановиќ е успешен бизнисмен, а многумина не веруваа дека ќе стигне далеку. Од повеќето реалити натпреварувачи од неговата сезона, тој го направи најдоброто во животот.
Судејќи по неговиот Инстаграм профил, каде што е многу активен, живее на релација Србија-Дубаи-Кина.
Мануел е гостин на најлуксузните градови во светот, а често е во друштво на познати фудбалери како Душко и Зоран Тошиќ.