Министерство во Канада објави податоци за Ковид-19 но објави и 18+ линк од „Pornhub“

Министерството за здравство и социјални служби „Quebeca“ се извинило откако случајно објавиле линк којшто водел до „Pornhub“ видео наместо до владината страница со податоци за Ковид-19.

„На нашиот Твитер профил објавен беше линк со непристојна содржина. Ги бараме причините. Жал ни е поради непријатноста“, порачале тие.

Google search engine

Спорниот линк бил објавен во четвртокот, а оние кои кликнале на него ги дочекало 18+ видео со фокус на стапалата.

Не требало да помине долго време за да почнат да се шират шегите на сметка на ситуацијата.

„Ова се информации за коронавирусот кои сме ги барале“, напишал еден корисник.

„Владата ни дава бесплатни промосодржини. Браво за владата“, додале други.

„Очигледно службениците од министерствата имаат време за губење на веб-страниците со непристојна содржина“, заклучиле трети.