Министерот за внатрешни работи на Србија со нови детали за истрагата: „Ни јавија дека Периш е виден како купува леб на Врачар“

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, истакнал дека полицијата ја проверува буквално секоја дојава која е поврзана со исчезнувањето на сплиќанецот Матеј Периш.

Вулин истакнал дека е сигурен дека немало никакво насилство врз исчезнатото момче, а што точно се случило кобната вечер, ќе утврди истрагата.

Google search engine

„Ние даваме сè од себе за да го решиме овој случај и ја проверуваме секоја информација која ќе стигне до нас. И во овој случај имаме добронамерни и злонамерни луѓе кои се јавуваат. Има и бели магови и црни магови, луѓе кои велат дека ја виделе астралната проекција на Матеј… Неодамна дури ни јавија дека исчезнатото момче купува леб на Врачар. Кога проверивме, сфативме дека се работи за сосед“, рекол министерот за внатрешни работи во утринската програма на Курир телевизија.

Вулин истакнал и дека се запознал со таткото на Матеј Периш, Ненад Периш и дека му искажува голема почит.

„Морам да искажам голема човечка почит кон таткото на Матеј Периш, само ставете се на негово место. Дали би имале толку разбирање како него? Имаше обиди ова да се претстави како меѓуетнички конфликт. Тоа навистина е одвратно и зборува за омразата која ја чувствувате кон овој град. Ова е безбеден град, овде никој нема да ве нападне поради националност. Белград сака странци. Од сите десетина илјади странци кои биле овде за новогодишните празници, вие немате ниту еден единствен инцидент. Тоа е бидејќи Белград сака странци, ние не ги делиме луѓето според нивната етничка припадност“, вели министерот и нагласува дека ја исклучува секоја можност за вршење насилство врз исчезнатиот сплиќанец.

„Сигурен сум дека насилство немало ниту во клубот, ниту надвор од него. За тоа сведочеа и пријателите на Матеј и гостите и клубот и персоналот“, заклучува министерот Вулин.