Министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас соопшти дека нема да биде изненаден доколку Владимир Путин објави нова светска војна и нареди масовна мобилизација на Русите.
„Владимир Путин во наредните денови би можел да објави нова светска војна“, предупреди британскиот министер за одбрана, а објави британскиот весник Mirror.
Валас кажа дека рускиот претседател може да започне „масовна“ мобилизација и да го искористи 1. мај за да им објави војна на светските „нацисти“.
Русија започна инвазија на својот сосед на 24. февруари, велејќи дека тоа е „специјална воена операција“ за ослободување на Украина од „нацистите“.
Оттогаш, украинските градови се погодени од гранатирање во војната за која првата дама на британската дипломатија, Лиз Трус кажа дека може да трае до 10 години.
И со оглед на тоа што Западот и дава пари и оружје на Украина, Русија се почесто се повикува на своите нуклеарни капацитети и се заканува на светот со истите.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека опасноста од нуклеарна војна е сериозна.
Сега Валас изјави за LBC дека Владимир Путин, кој „не успеа“ во повеќето негови цели во војната со Украина затоа може да им објави војна на „светските нацисти“.
„Не би бил изненаден, дека најверојатно на 1. мај ќе изјави дека сега сме во војна со светските нацисти и дека мора масовно да го мобилизираме рускиот народ“, предупреди Валас.