Соединетите Американски Држави се финансиски исцрпени од преземените мерки за спречување на продлабочената рецесија предизвикана од пандемијата.
Според пишувањето на Фајненшал Тајмс и Њујорк Тајмс, шефицата на американското министерство за финансии упатила драматично писмо до американски конгресмени.
Џенет Јелен во писмото наведува дека министерството ги исцрпело сите “вонредни мерки” за финансисрање на државата и дека САД би можела од октомври да се најде во ситуација да не може да ги плаќа своите обврски.

Јелен наведува дека не може да процени точно кога Америка би можела да банкротира, но предупреди дека многу брзо се затвора прозорецот со кој може да се спречи економската катастрофа.
“Еднаш кога сите можни мерки и готовина не бидат достапни, односно кога ќе бидат целосно исцрпени, САД ќе нема да може да ги исполни своите обврски за првпат во својата историја”, напишала Џенет.

За да го одложат банкротот, американското министерство за финансии минатиот месец ги суспендираше инвестициите во пензискиот и инвалидскиот фонд на социјалната служба, во пензискиот фонд Пошта Америка и пензискиот систем за федерални пензионери. Со други зборови, престанале да вложуваат во идните пензии на вработените кои работат во државни фирми.
Јелен исто така изјави дека банкротот може да предзивика “непоправлива штета” врз економијата на САД и глобалниот финансиски пазар и наведе дека приближувањето кон таа можност веќе прави огромна штета.