Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн во средата изрази сочувство за страдањата на Украинците и му посака на рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната.
Во интервју за јавното радио 100,7, министерот изрази жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.
„Ако рускиот народ виде што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашеа и колку човечки животи може да има на својата совест, тогаш ќе го срушат Кремљ“, рече Аселборн.
Тој додаде: „Тоа е можеби сè што може да се посака, Путин да биде навистина физички елиминиран за да се запре сето тоа“.
Запрашан од АФП, Жан Аселборн објасни дека „тоа го кажал под влијание на емоции“ откако западните дипломати на местото на случувањата го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ.
Аселборн рече дека е песимист за изгледите за решавање на конфликтот преку диплотски пат, со преговори.
„Не треба да им кажуваме на луѓето дека дипломатски ќе успееме да направиме пресврт со Путин како претседател“, рече тој.