Милош Биковиќ ќе стане татко: Познатиот српски актер и неговата девојка Ивана го очекуваат своето прво дете

Познатиот српски актер Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ го чекаат своето прво дете.

Милош е во долгогодишна врска со убавата Ивана, а веста за бременоста, како што се дознава, веќе со месеци ја кријат од јавноста.

Google search engine

Ивана е во поодмината бременост, а парот сè уште не сака да истапи во јавноста по овој повод. Според извори, таа се чувствува одлично и двајцата се пресреќни што наскоро ќе станат родители.

За потсетување, Милош ја претстави својата избраничка за првпат во јавноста на премиерата на филмот „Južni vetar 2 – Ubrzanje“ во 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Неодамна во медиумите се пишуваше дека Милош оваа година ќе застане на „лудиот камен“ и дека во Ивана пронашол сè што барал. Двајцата често патуваат заедно, кога работата на Милош го дозволува тоа. Ивана е по потекло од Црна Гора и по професија е правничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)