Миленикот на јавноста уште еднаш потврди дека славата и парите воопшто не го промениле

Кијану Ривс повторно ја оправда својата титула на најљубезен холивудски актер. Тој неодамна се појавил во еден британски паб и ги израдувал сите присутни, а особено вработените.

Актерот моментално престојува во гратчето Тринг, Англија, а слободното време одлучил да го искористи за посета на локалниот паб и со таквиот потег ги изненадил вработените кои ја споделиле приказната на Фејсбук страницата на пабот.

Google search engine

„Се ракуваше со сите“

„Денеска имавме ненадеен гостин на ручек. Колку драг човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со тимот од кујната, а тој веднаш отиде таму, се ракуваше со сите и ја пофали храната. Излишно е да се каже дека им го разубави денот“, напишале од пабот на Фејсбук.

 

Една вработена во пабот открила за британскиот „Metro“ дека актерот нарачал пиво, риба со помфрит и парче месна пита и дека бил сам.

Познато е дека Кијану Ривс не живее живот типичен за познатите. И покрај огромното богатство, актерот не живее во вила, нема телохранители, користи подземна железница и им помага на бездомните со кои често знае и да испие по некое пиво.