Мијалков последен пат бил виден вчера околу 14 часот во скопски ресторан

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а последен пат бил виден вчера во 14 часот во ресторанот „Дистрикт“.

Вчера околу 14 часот, екипата на ТВ21 го забележала Мијалков во ресторанот „Дистрикт“.

Google search engine

„Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.

Екипата на ТВ21 остана во Дистрикт, а до крајот додека бевме таму, тој не се врати.“ – Изјавуваат од „ТВ21

Инаку, полицијата, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Мијалков е еден од неколкутемина обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделното рочиште на кое беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок беше најавено изрекување на пресудата. За него, обвинителката Ленче Ристоска побара максимална казна.