Мицотакис најавува рестрикции за невакцинираните

Грчката влада следната недела ќе воведе нови ограничувања за оние кои не се вакцинирани против Ковид 19, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во последните недели.

Невакцинираните граѓани од понеделник, 22 ноември нема да можат да влезат во сите затворени простории, вклучително и кина, музеи и спортски сали, рече Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Google search engine

Мицотакис рече дека неговиот план е Грција да има подобар Божиќ оваа за разлика од минатата година.

Новите мерки ќе значат дека невакцинираните возрасни граѓани повеќе нема да можат да влегуваат во затворени простори со негативен резултат од ковид тест.

Тој рече и дека потврдата за вакцинација за вакцинирани лица постари од 60 години ќе престане да важи седум месеци по примањето на вакцината.

Така, оваа возрасна група ќе добие еден месец да ја прими третата доза од вакцината.

Мицотакис рече и дека невакцинираните верници треба да имаат негативен лабораториски тест, на што веќе повика Синодот на Грчката православна црква.

ПретходнаРадев и Герџиков со слични ставови за Македонија: Прво исполнување на условите после „зелено светло“ за почеток на преговорите со ЕУ
СледнаГоран Бреговиќ станува глумец, доби улога кај оскаровецот Денис Тановиќ