Мицкоски: Преспанскиот договор не е завршена работа

Не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот од Преспа да му дадете право да краде, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека се додека е на чело нa ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор не може да биде завршена работа. Неодамна на Преспа форумот, Филип Рикер, од американскиот Стејт департмент директно им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека Преспанскиот договор е завршена работа.

-Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. И не може да е Преспанскиот договор завршен се додека Тони го гледам дома и ми вика во очи, тато носи ме во Македонија, тој така го вика Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор, истакна Мицкоски во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Google search engine

Мицкоски додаде дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде.

– Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој за Преспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности. Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, да немаме корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи.

ПретходнаСтопете ги килограмите за кратко време: Летна диета со краставици
СледнаМВР вчера го уапси командант Тануша