Миа Костова е секогаш препознатлива по нејзиниот темперамент, како и јавните критики кон моменталните ситуации во нашата држава. За многумина таа преставува инспирација и го препознаваат нејзиниот квалитет, но и многумина не се согласуваат со нејзините мислења. Затоа е таа често главната мета на напади и критики на социјалните мрежи.
Во моментов работи како инфлуенсер на Instagram и е заштитно лице на повеќе брендови. Постарите сè уште ја познаваат како девојчето од емисијата за млади „99 Action“ која се емитуваше во 90-те, а некои ја препознаваат и по тоа што, со текот на годините била личност која ја предизвикувала околината со своите животни избори и постапки.
Неодамна по нејзиното гостување во емисијата „Жешко Столче“ таа повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста со нејзините ставови, а во случајот таа јавно проговори и кажа дека го оправдува сексот за една ноќ. На прашањето дали оправдуваш секс за една ноќ таа одговори:
„Да зошто да не. Оправдувам се што не му штети на другиот, ако е секс за една ноќ и ќе се сложам и јас и партнерот, зошто да не, ништо апсолутно не ми пречи, ако не преминува граници на невоља од другата страна”, беше нејзинот одговор во врска со тоа прашање.
Целосното нејзино интервју можете да го погледнете на следниот линк: