Миа Костова јавно проговори за борбата со депресија: „Немав волја да станам од кревет, одбивав да кренам на телефон“

Откако долго го најавуваше, поранешната водителка Миа Костова објави видео во кое ја раскажува својата борба со анскиозноста, паничните напади и депресијата.

Костова во 30-минутното видео го објаснува целиот пат што го изодела, од нејзината 17-та година кога го доживеала првиот паничен напад, па сè до денес.

Google search engine

Инфлуенсерката открива дека анксиозноста ѝ се појавила во средношколските денови кога почнала финансиски да се осамостојува.

Интересно е тоа што пред 20 години, кога и всушност го доживеала својот прв паничен напад, докторите, а и нејзината мајка не знаеле што се случува со Миа, па ѝ правеле детални испитувања на сè и сешто, за, како што вели и самата, ‘да се исклучи можноста дека е нешто сериозно’.

Во видеото, кое досега има повеќе од 20.000 прегледи, Миа вели и дека паничните напади ѝ се намалиле кога останала бремена со Андрија, бидејќи тогаш била фокусирана на грижа за детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Сепак, пред две и пол години, односно кога на сцената нѝ настапи новото нормално, Миа вели дека кај неа повторно почнала да се јавува анксиозноста и состојбата на постојан страв. Костова признава дека тогаш излегла и од емотивна агонија која траела шест години.

Најлошиот период со анксиозноста, кој потоа прераснува и во депресија, кај Миа се случува околу Нова година, кога, како што вели, воопшто немала волја да го напушти креветот.

Таа искрено ги споделува сите свои чувства и доживувања кои ги имала во тој период, а вели дека сега е за 30-40% подобра од пред четири месеци.

Миа јавно говори за анксиозноста, паничните напади и депресијата, со цел да ги охрабри сите кои поминуваат низ исто или слично, со што им порачува дека не се сами. Костова испрати порака и за сите оние кои никогаш не поминувале низ вакви состојби, а имаат некој близок во нивното опкружување, кој го поминува овој тежок процес.