Местото од каде што започна се: 11.000 студенти на доделување на дипломи во Вухан, од маски ни трага

Повеќе од 2.200 студенти минатата година, поради строгите ограничувања поврзани со коронавирусот, немале свечено доделување на дипломите. Сега студентите седеле во преполните редови без дистанца, но ни без заштитни маски.

Повеќе од 11.000 студенти се собрале во неделата на спортскиот стадион на Универзитетот во Вухан, на масовната свеченост за доделување на дипломите.

Google search engine

Свечено облечените студенти седеле во преполните редови, без дистанца или заштитни маски. Мегапромоцијата се одржала една година откако бил забележан последниот случај на коронавирус во Вухан.

Повеќе од 2.200 студенти минатата година, поради строгите ограничувања поврзани со коронавирусот, немале своја промоција. Сега студентите седеле во преполните редови без дистанца, но ни без заштитни маски.

“Ги поздравуваме студентите кои магистрираа во 2020-та година. Ви посакуваме прекрасна иднина”, пишува на натписот кој ги дочекал на стадионот.