Најдобриот аргентински фудбалер Лео Меси почнал да се забавува со мистериозната Антонела уште од средно училиште.
Тие се запознале кога тој имал само пет години, а кружат приказни дека Лео сакал таа да му биде сопруга на девет години и дека често ѝ пишувал љубовни писма.
View this post on Instagram
За разлика од многу други сопруги на фудбалери, Антонела се труди што повеќе да ги избегнува медиумите и јавноста. Меси за првпат ја претстави во јавноста во 2008 година и тогаш привлече големо внимание.
Сепак, таа остана мистериозна и детали за нивниот приватен живот открива само на Инстаграм, каде во последно време е сè поактивна.
View this post on Instagram
Студирала стоматологија, но ги прекинала тие студии за да се посвети на комуникацијата. На крајот се откажала и од тоа и се посветила на манекенството.
Меси и убавата Аргентинка имаат заедно три сина. Тиаго, најстариот, е роден во 2012 година, а Матео е роден три години подоцна. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро.
Тие се венчале во 2017 година во родното Росарио. Најголем дел од играчите на Барселона се нашле на списокот на гости на гламурозната венчавка, а вкупно имало околу 260 гости. Настанот го обезбедувале стотици полицајци и обезбедување во хотелот, а 150 новинари биле акредитирани за специјалната прес-зона. Сепак, новинарите немале пристап до целиот простор.
Големо внимание во јавноста привлекло и тоа што Меси побарал од гостите да не носат подароци, туку, доколку можат, да ги уплатат парите на сметката на неговата фондација за помош на децата. По венчавката, Меси ѝ посветил специјална тетоважа на сопругата. Нејзините усни ги истетовирал на телото.