Меси се врати во Барселона: Уловен заедно со Чави и двајца поранешни соиграчи

Лионел Меси ги одигра последните 20-тина минути од мечот со Ремс кој ПСЖ го доби со убедливи 4:0, но по оваа средба, очигледно е дека негова следна дестинација е Барселона.

На заминување од каталонскиот гигант, Меси нагласи дека Барселона секогаш ќе биде негов втор дом после Аргентина и секогаш со задоволство ќе се враќа во овој град каде планира да остане да живее по крајот на кариерата, а со оглед на тоа што има огромен број пријатели, изминатава ноќ го привлече вниманието на новинарите од Шпанија.

Google search engine

Меси ја искористил паузата во националните првенства за да се врати во Барселона и веднаш беше „уловен“ во еден луксузен ресторан во градот, каде бил во посебно друштво.

Чави Ернандес го дочекал својот 42 роденден во уникатно друштво и Меси бил специјален гостин на пријателската вечера, на која покрај нивните сопруги, биле уште двајца актуелни играчи на Барселона со своите поубави половини.

Серхио Бускетс и Жорди Алба биле дел од чинот кој привлече огромно внимание во јавноста, а за кој сите не открија никакви детали при излегувањето од ресторанот. Реалнсота е дека станува збор за интимна прослава по повод 42-от роденден на Чави, кој во дадениот случај ја искористи првата прилика за да седне на иста маса со својот поранешен соиграч кој изминатово лето си замина од Барселона.

ПретходнаРАШКОВСКИ: Парите на децата им се заштеда од родендени и од мекиците
СледнаСемејството на Џорџина шокираше со изјавите: „Ова е зло од жена, се срами од нас“