Германската канцеларка во оставка Ангела Меркел и официјално се прости од функцијата синоќа на церемонија во Берлин.
Во дворот на Министерството за одбрана се одржа „Големиот вечерен огномет“ (Der Große Zapfenstreich), објави Дојче веле.
Поради антиепидемиските мерки, настанот се одржа во ограничен формат – присуствуваа околу 200 луѓе, меѓу кои и 52 министри во владите на чело со Меркел во текот на 16-те години од нејзиното владеење.
Воениот оркестар отсвири три песни по избор на канцеларката.
„You Forgot the Color Film“ од 1974 година, изведена од германската пејачка Нина Хаген. Хаген, како и Меркел, порасна во Источна Германија.
Потоа популарната шансона „It Shall Rain Red Roses for Me“ во изведба на германската пејачка Хилдегард Кнеф, а третата е поранешната христијанска химна „Свети Боже, го славиме твоето име“.
Во последното обраќање до германската јавност, канцеларка во заминување ги повика Германците да се спротивстават на омразата.
„Нашата демократија живее со фактот дека секаде каде што омразата и насилството се гледаат како легитимно средство за остварување на нечии интереси, нашата толеранција како демократи мора да има граница“, рече Меркел .
Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва. Таа нему и на новата влада им посака „се најдобро, среќа и многу успех“.