Меланија ја откри вистината за разводот со Трамп – ова, малкумина го очекуваа…

Во последниов период сведоци сме дека Словенката го чека поволниот момент да го нaпушти Доналд Трамп, но со последната објава таа ја докажа невистината во врска со тоа.

Имено, припадниците на седмата сила пишуваат дека првата дама има „пеколен план“ кој што подразбира развод од Доналд Трамп со кој што во брак е 16 години.

Реклама

Клопчето почна да се одмотува, а гласините ги покрена изјавата на блиската соработничка на Меланија која што го наговести разводот на Меланија и Доналд Трамп.

„Меланија ги брои минутите до моментот кога ќе излезе од Белата куќа и ќе се разведе од Доналд“, изјавила неодамна Марос Њуман, поранешна блиска соработничка на првата дама.

„Доколку Меланија би се обидела да го посрамоти и напушти додека е претседател, тој би нашол начин да ја казни“, изјавила соработничката на Меланија за „Mirror“.

Сепак, Доналд Трамп од Белата куќа излезе држејќи ја за рака својата сопруга. Тие двајца шпекулациите за нивниот развод никогаш не ги коментирале, а сега следеше уште еден гест кој што укажува дека разводот на Меланија од Доналд е само шпекулација.

Имено, Меланија Трамп која што светските медиуми не „ја оставаат на мир“ откако нејзиниот сопруг ги загуби претседателските избори во САД, денеска објави фотографија која што мноумина ја сметаат за демант на сите досегашни шпекулации околу разводот.

На својот официјален профил на Твитер, Меланија објави фотографија од венчавката со Доналд и му ја честита нивната годишница од брак.

„Среќна годишница од брак“, напишала таа.

На фотографијата која што настанала на 22 јануари на Флорида, Меланија изгледа посреќно од кога и да е. Таа на венчавката носела и раскошна венчаница со потпис од модната куќа „Диор“, а во својот сопруг гледа заљубено не замислувајќи си дека 16 години подоцна ќе се пишува за нивниот развод – како водечка тема во сите светски медиуми.

Реклама