Сопствениците на трговски центри во Руската Федерација почнаа преговори со турскиот синџир за брза храна Читир Чикен за лансирање на синџир на нивните ресторани.
Според Булат Шакиров, претседател на Сојузот на трговски центри, трговските центри се подготвени да започнат преговори со Мекдоналдс за раскинување на договорот за закуп доколку компанијата не продолжи со работа во блиска иднина. Тоа, вели тој, ќе ослободи простор за турските ресторани.
Оваа компанија работи во 17 земји во светот и е подготвена да размислува за работа во Руската Федерација, а во првата фаза двете страни разговараат за пуштање во употреба на 5-10 продавници на компанијата Читир Чикен.
„Во иднина можеме да зборуваме за создавање мрежа на партнери за франшиза со 500-600 ресторани“, изјави Булат Шакиров за „Известија“.
Според него, фокусот е на отворањето во Москва и другите големи градови, во Санкт Петербург, Казан, Волгоград, Самара и Екатеринбург.
Една од главните предности на оваа компанија би била тоа што доаѓа од Турција, па затоа не зависи од санкциите што Западот ги воведе кон Русија.
„Следната недела претставниците на Four Chickens и менаџерите на руските трговски центри би можеле да потпишат договори за соработка, како и договори за закуп, прецизираше Шакиров.
Според него, и Сојузот на трговски центри е подготвен да покрене иницијатива за давање државна поддршка на таа турска компанија.
Станува збор за воспоставување повластен царински систем и давање кредити за отворање ресторани, како и за доделување грантови.