ТК „Теннис Парк“ со огромно задоволство ви го најавува меѓународниот ИТФ турнир кој ќе се одржи од 25-30 април на терените при тенискиот клуб. Квалификациите за турнирот започнуваат овој викенд, каде младите тенисери во машка и женска категорија ќе се борат за место во главниот дел од турнирот. Турнирот е за тенисери и тенисерки до 18 години.
Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите од кафе-бар „Теннис Парк“ кој е лоциран веднаш до тениските терени.
