Меган Маркл и принцот Хари кренаа многу прашина: „Раскажаа полувистини, тој е избезумен“

Интернет корисниците се поделени после интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри.

Едни се на страната на Виндзор, а други го поддржуваат младиот пар. Некои од нив имаат и духовити коментари на сметка на водителката.

Google search engine

Ви носиме дел од најчитаните твитови кои за само неколку часа станаа вирални.

„Можеме ли да добиеме листа со сè што таа направила/добила во текот на тие 18 месеци кога беше тука? Сите патувања, облека, проекти, настани. Леташе после породувањето само за да ја гледа Серена на Вимблдон“, вели еден Твитер корисник.

„Опра се разбудила еден ден и си рекла – ‘Знаете што? Здодевно ми е, ајде да ја уништам британската монархија’.

„Може ли Хари веднаш да го повика својот тим од приватни лекари да ѝ помогнат и да ја заштитат неговата суицидно настроена сопруга наместо да го криви семејството што му рекло дека не може? Што е со него? Таа сака да се убие, а тој ја води на концерт? Можете да си дозолите приватна домашна посета“.

„Не мислам дека е во ред Хари на цел свет да му каже дека Чарлс и Вилијам немаат избор и дека не сакаат да бидат таму. Тоа не е негова приказна“.

„Имаме неколку поплаки од некој кој призна дека е ментално нестабилен, со речиси никаква важност. Кога и да ја отвори устата, докажува дека расизмот доаѓа од неа“.

„Хари и Меган даваат полувистини и сомнителни интерпретации на настаните. Веројатно се венчале уште претходно, бидејќи Хари е будала. Ја сака, но будала е. Меган не е паметна толку колку што мисли дека е или нејзиниот ПР е во голема заблуда“.

 

„Не разбирам зошто не останале да уживаат во Калифорнија и да го живеат својот живот. Постојат луѓе кои се борат со тага и финансии. Не ја разбирам целта зошто сега, а и избрале одвратен период“.