Меган Фокс овие денови е во Лос Анџелес, а таму работела на снимање на кое носела целосно проѕирна маица (доколку може така да се нарече).
Меган Фокс според многумина е една од најубавите жени на светот, а со секое свое појавување во јавноста привлекува големо внимание.
35-годишната актерка фотографите ја „уловиле“ на снимање во Лос Анџелес, а на себе носела интересна комбинација.

Под сакото се гледала маицата (доколку може така да се нарече), а градите одвај успеала да си скрие од љубопитните погледи.
Овој предизвикувачки стил го надополнила со чевли на висока потпетица, а целата комбинација јасно ја истакнувала нејзината совршена линија на тело.
Инаку, сите светски медиуми во последните години пишуваат за љубовната врска на актерката и раперот Машин Ган Кели.

Наводно тие се заљубиле на прв поглед кога заедно го снимале филмот „Midnight in the Switvhgrass“, а таа набрзо потоа се развела од актерот Брајан Остин Грин со кој има три деца.
Наводно таа неодамна изјавила дека сака да се венча со своето ново момче.
Разголените изданија на Меган и Машин Ган не се непознати, на социјалните мрежи не се срамат да објавуваат свои полуголи фотографии.

