Медицински техничар од САД се заразил со коронавирус неколку дена по примањето на вакцината на “Pfizer”, пренесува “ABC News”.
Метју В., медицински техничар од Сан Диего, ја примил вакцината на “Pfizer” против коронавирус на 18-ти декември, а единствено несакано дејство кое го развил било иритација на местото на примена.
Шест дена подоцна, по смената во ковид амбулантата, Метју почувствувал грозница, болка во мускулите и замор.

Тестот покажал дека е позитивен на коронавирусот. Ова сценарио не е невообичаено, тврдат експертите.
Лицата кои ја примиле вакцината не развиваат веднаш имунитет на коронавирусот, туку по 10 до 14 дена.
Освен тоа, дури и тогаш е потребно да се прими втора доза на вакцина – првата доза пружа заштита од 50 проценти, а втората до 95.
Можно е медицинскиот техничар да се заразил со коронавирус пред примањето на вакцината, со оглед на тоа дека периодот на инкубација може да трае до две недели.
Сите овие можности укажуваат на тоа вакцината не е магично решение и дека за сузбивањето на пандемијата ќе биде потребно време, со почитување на хигиенски правила, мерките за дистанца и носење на заштитни маски, истакнуваат експертите.