Медицинска сестра открива што се случува со луѓето пред самата смрт: Речиси сите ги имаат истите симптоми и ги изговараат овие зборови

Џули е медицинска сестра од Лос Анџелес, а работи во палијативна нега околу 6 години. Таа редовно објавува едукативна содржина на нејзиниот профил на ТикТок и го користи своето знаење и искуство за да им помогне на луѓето.

Џули често објавува видеа каде зборува за смртта, што особено им се допаѓа на нејзините следбеници, бидејќи не многу луѓе зборуваат за тоа.

Google search engine

„Сакам да ги едуцирам пациентите и семејствата за тоа што да очекуваат од палијативната нега и што да очекуваат од специфичната болест од која умираат“, вели таа, додавајќи:

„Исто така, мило ми е што можам да им дадам утеха на пациентот и семејството знаејќи дека ќе бидеме таму за да управуваме со она што се случува. Работев како медицинска сестра за палијативна нега околу шест години, а пред тоа бев медицинска сестра на интензивна нега девет години, што значи дека во ова сум 15 години“.

Кај луѓето се пробудил голем интерес за тоа што можат да очекуваат непосредно пред смртта. Таа неодамна објавила видео за работи кои им се случуваат на повеќето луѓе на крајот од животот, а кои изгледаат ненормални, но всушност се нормални.

Џули објаснила дека најчести промени се случуваат во дишењето, бојата на кожата, терминални секрети и треска…

„Најдобриот дел од мојата работа е да ги едуцирам пациентите и семејствата за смртта и умирањето, како и емоционалната и физичката поддршка. Исто така, да им помогнам да разберат што да очекуваат е уште еден дел од мојата работа како медицинска сестра за палијативна нега“, објаснува таа.

„Постои нешто што повеќето луѓе го кажуваат пред да умрат, а тоа е обично „те сакам“ или ги повикуваат мајката или таткото, кои обично умреле порано“, истакнува Џули.

Сепак, Џули вели дека е тешко да се објасни што генерално се случува со луѓето кои умираат, бидејќи секој е различен. Сепак, повеќето луѓе ги покажуваат истите знаци и симптоми на крајот од животот.

Ова се нарекува фаза на активно умирање.

Џули објаснила дека симптомите на активната фаза на умирање вклучуваат промени во свеста (онесвестување и будење од несвест), промени во дишењето и терминалните секрети.

„Ова е нормално и не е болно или непријатно. Човечкото тело се грижи за себе на крајот од животот и колку помалку луѓе интервенираат, толку подобро“, вели медицинската сестра.

- АУДИО РЕКЛАМА -