Медицинска сестра открила мрачни тајни кои пациентите на смртна постела ѝ ги признавале: Сега морам да живеам со нив

Медицинска сестра која е позната на ТикТок под името Nurse JJ открила на својот профил бројни мрачни тајни кои, како што тврди, ѝ ги откриле пацинетите на смртна постела.

Таа работи во Одделот за интензивна нега во болница во САД, а вели дека луѓето на смртна постела ѝ признаваат страшни тајни, а некои од нив вклучуваат убиство, киднапирање, водење двоен живот.

Google search engine

Признала дека би сакала некои од луѓето да си ги однеле тајните во гроб наместо да ѝ ги кажуваат бидејќи сега таа “мора да живее со нив”.

Во едно видео таа тврди дека еден пациент верувал дека неговиот вујко бил вмешан во случај со исчезнато лице.

“Оваа девојка исчезна пред 30 години и мислам дека мојот вујко ја киднапираше. Џемперот кој го носеше на фотографијата, беше во отпадот на мојот вујко”, рекла медицинската сестра.

Друг пациент ѝ признал дека го убил соседот во текот на расправија околу местото каде ќе се градело ограда, а вистината никогаш не се дознала.

Еден пациент ѝ признал дека имал две семејства и рекол дека загрижен е поради тоа што и двете семејства ќе дојдат на погреб и дека вистината конечно ќе се дознае.