„Ме тепаше, плукаше и исмеваше“: Ја знаеме по улогата на злобното девојче, а сега доживува тортура во бракот

Американската актерка Кристина Ричи од детството е под светлото на рефлекторите, а нејзината најпозната улога по која сите ја паметиме е Среда во филмот „The Addams Family“.

Позната е по своите мрачни улоги, но и по тоа дека во текот на својата кариера драстично го менувала својот изглед.

Google search engine

Ричи првпат пред камерите се појавила кога имала само девет години и тоа во филмот „Mermaids“, по што ја добила улогата како Среда Адамс во легендарниот филм.

Таа се појавила и во филмот „Casper“, а во тоа време веќе го имала статусот на тинејџерска икона.

Ричи деновиве го прославила 42-от роденден, а својата блескава кариера продолжила да ја гради во полна пареа, иако улогите од детството ѝ се најпознати.

Славната актерка ја пронашла среќата во животот со сопругот Марк Хамптон, со кој пред олтар застанала кон крајот на минатата година, а потоа го добиле и нивното заедничко дете.

Кристина веста за бременоста и бракот ја објавила само неколку месеци откако на нејзиниот поранешен сопруг му била издадена забрана за приоѓање и тоа како последица за обвинение за насилно однесување во семејството.

Таа со Марк се зближила една година претходно, кога заедно соработувале на бројни модни снимања.

Инаку, Марк е познат по соработката со ѕвездите од А-листата и познати модни куќи.

Пред него, Кристина била со Џејмс Хирдеген со кој има шестгодишен син Фредерик, а поранешната двојка се венчала во 2013 година, па после неколку години се развеле.

Кристина претходно изјавила дека насилството започнало во декември 2019 година, како и дека сопругот ја тепал, плукал и исмевал. Тогаш актерката сфатила дека мора да се разведе од него, па го направила тоа.

ПретходнаЃорѓиевски: Оваа пролет граѓаните на Кисела Вода ќе добијат нов парк
СледнаКумановци се вознемирија од еврејска група во градот, МВР вели дека не се опасни и брзо ќе си одат