„Ме погоди во коленото, легнав на земја и се преправав дека сум мртов!“: Потресно сведоштво на момчето кое го преживеа масакрот во Младеновац

Девет дена по масакрот којшто се случи во Младеновац, а во кој настрадаат осум лица, а ранети беа 14 луѓе, од болница излегол M.J. (22) од Мало Орашје којшто во текот на пукањето се здобил со тешки повреди на нозете.

Тој поради комплицираните рани имал операција и ставена му е шипка, а неговото закрепнување ќе трае најмалку една година, сè додека не може повторно да стане на нозе и да прооди.

Google search engine

Мислел дека е шега

Преживеаниот М.Ј. за српски „Курир“ раскажал што кобната вечер на 4 мај се случило во Мало Орашје, како и како успеал да го преживее крвавиот пир на У.Б. (21) којшто се наоѓа во притвор поради сомнеж дека извршил масовно убиство.

„Јас таа вечер дојдов кај споменикот во селото малку пред пукањето, завршив смена на работа и дојдов со другар со автомобил таму. Набрзо потоа сè се случи. Прво помислив дека некој се шегува и дека пука со воздушен пиштол. Меѓутоа, кога луѓето почнаа да врескаат, сфатив што се случува и почнав да ги тргам децата кои беа таму и да им викам да бегаат“, ја започнал својата исповед М.Ј. и додал:

„Прво почна да пука во нас од некои 15-на метри оддалеченост, мене ми пукаше во нога, па почнав да бегам. Само неколку метри подоцна почувствував како коленото „ми бега“ и дека нема да бидам во состојба да побегнам, па се фрлив на подот и се преправав дека сум мртов. Во целата ситуација мојот помлад брат којшто беше тука почна да ме крева и да ме носи, но успеав да го убедам да бега и да се спаси. Не знам како би поднел доколку тој настрадаше обидувајќи се да ме спаси мене“.

Во текот на пукањето, како што вели ова храбро момче, имало над 15 млади луѓе кои се наоѓале на тоа место.

Го викнавме на пијалак

„Јас не го познавам момчето кое пукаше, а не знам ни дали некој од нашето друштво го знае. Кога го видовме со пушката, некој дури го повика да дојде со нас да се напие нешто, а тогаш тој викаше дека сите ќе нè убие и почна да пука“, раскажува момчето.

Како што раскажува М.Ј., тој таа кобна вечер таму бил за да се види со друштвото, меѓу кои бил и неговиот помлад брат којшто за среќа не е повреден.