Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен со освоениот бод на гостувањето кај Стразбур официјално ја потврди новата титулата во најсилниот француски шампионат.

Голот вреден титула за „светците“ беше во режија на Мбапе и Меси во второто полувреме. Меѓутоа пред мечот Килијан направи мал „инцидент“ или поточно беше виновен што една девојка заврши со раскрварен шут.

Google search engine

При загревањето напаѓачот испратил удар кој завршил во главата на девојката, но за среќа мина во најдобар ред. Францускиот репрезентативец покажа манири, веднаш се упати кон трибините, таа беше донесена и на теренот, клупата за резерви за да и добие соодветна медицинска помош.

На крајот Мбапе повторно се извини, ја прегрна девојката и подари дрес за да може што побрзо да ја заборави оваа непријатна случка.