„Мажи, дали е тоа толку тешко?“: Актерот како од мајка роден ниту во седмата деценија од животот не престанува да ги воодушевува жените

Популарниот актер глумел во некои од најголемите филмски и ТВ-хитови, но покрај талентот најмногу внимание привлекува со својот атрактивен изглед.

Минатиот април, американскиот актер Кристофер Мелони (61) се нашол во центар на внимание во светската јавност поради тоа што на социјалните мрежи се појавиле негови најнови фотографии – актерот позира гол.

Google search engine

Атрактивниот актер најпознат по улогата во серијата „Law & Order: SVU“, спаѓа во најатрактивните холивудски ѕвезди, а сега во интервју за „People“ отворено зборувал за својата новостекната слава на секс-симбол. Како што истакнал, титулата „zaddy“ – како што во сленг се нарекуваат привлечни постари мажи, му се допаѓа.

„Забавно ми е тоа“, признал Мелони, па продолжил: „Не знам дали уште некој така го нарекуваат. Кога нешто такво ќе се залепи за вас, едноставно мора да уживате во тоа колку што можете. Јас имам 61 година и јас сум zaddy“.

Тој исто така не се срами да го покажува своето совршено извајано тело секогаш кога ќе му се укаже можност на тоа, а најмногу внимание привлекува кај жените во рекламата во која вежба со тегови и покрај базен без облека. Кристофер инаку веќе 27 години е во брак со Шерман Вилијамс со која има две деца – Софија (21) и Данте (18), а истакнува дека неговото семејство го прифаќа овој статус иако на децата не им е секогаш пријатно.

 

„Мојата сопруга е прекрасна и таа тоа го сфаќа. Во стилот „како и да е“. Од друга страна пак, моите деца еднаш месечно се прашуваат „зошто?“ кога пријателите им праќаат мемиња за мене“, вели актерот.

Откако Кристофер Мелони се осврнал на овој аспект од својата слава, многумина коментирале дека тој е одличен пример за грижа на своето тело без оглед на годините.

„И сопруга и деца, а физички е подготвен“, „Го споредувам со својот дедо и не можам да си поверувам дека имаат исто години“, „Мажи, дали тоа е толку тешко“, биле само дел од коментарите на неговите обожаватели.