Маж се заканувал со бомба во трговски центар во Москва – сите бегале во паника (Видео)

Московската полиција трага по непознат маж кој со бомба се заканувал на обезбедувањето на големиот трговски центар „Метрополис“ во руската престолнина.

Безбедносните сили го уапсиле поради кражба, откако извадил предмет кој личи на граната. Во тој момент стражарите побегнале, додека во трговскиот центар настанала паника и стампедо.

Google search engine

 

Како што може да се види на видеото, луѓето бегаат од зградата, додека многумина се нашле на улица во лесна облека, без јакни.

Според РИА Новости, напаѓачот побегнал во метро станицата Војковскаја. Во инцидентот нема повредени.