МАЖ ОД СРБИЈА УАПСЕН НА ЗАКИНТОС: Погледнете ја бруталната тепачка каде обезбедувањето го удрира гостинот

Маж по потекло од Србија е уапсен поради учество во брутална тепачка во популарното грчко летувалиште Закинтос. Како што јавија локалните медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб во Лаганас на Закинтос.

Имено, во последните неколку часа на социјалните мрежи кружи шокантно видео на кое се гледа како британски турист брутално е претепан од четворица обезбедувачи во ноќен клуб.

Google search engine

На видеото може да се видат тројца обезбедувачи како држат Британец, додека четвртиот го удира по телото.

Човекот постојано се обидува да се оттргне, на крајот успева, па пријателите го извадиле од локалот, додека обезбедувачите ги следеле.

Инцидентот се случил минатиот петок, а како што јави ЕРТ, младиот човек со британско потекло идентификувал само еден од мажите кои го претепале, за кој се вели дека има српско потекло.

Дечкото од Србија бил уапсен и сослушан кај обвинител, по што следи редовна судска постапка.

Клупските работници тврдат дека пред тепачката, британскиот турист удрил 19-годишна девојка и ја нападнал со шише, поради што интервенирале. За да го докажат своето тврдење тие на социјалните мрежи објавија и фотографии од тешко претепаното девојче.