Масовна тепачка На ски-терените во Маврово меѓу гостиварци и косовци, неколкумина приведени

На ски-терените во Маврово, во неделата околу 14 часот избила жестока тепачка која не била со голи раце, меѓу лица од Гостивар и неколкумина косовски државјани кои меѓусебно тешко се повредиле, јавија во САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот кои скијале на падините.

По пријавата во полиција, учесниците во масовната тепачка биле приведени и задржани во полициската станица во Гостивар.

Google search engine

За настанот добивме потврда од МВР, како првична информација.

„Неколку лица косовски државјани и неколку гостиварци се приведени во полициска станица поради тоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка околу 14 часот, на ски-терените на Бистра, а поради претходно недоразбирање. Во тепачката биле користени тврди предмети“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.