Масовна тепачка на небо: Жени се степале во авион

Летот од Салвадор за Сао Паоло во Бразил се претворил во хаос откако во четвртокот во авион на „Gol Airlines“ избила масовна тепачка меѓу 15 жени кои меѓусебно си удирале шлаканици и врескале пред останатите шокирани патници.

На снимката од авионот се гледа како жените се борат и се влечат за коса, додека екипажот се обидува да ги раздвои. Во еден момент тепачката станала толку агресивна што една жена морала да ги покрие градите бидејќи и се скинала маицата.

Google search engine

Наводно расправијата избила меѓу две семејства откако една мајка прашала друг патник дали може да ги сменат седиштата со своето дете, кое има посебни потреби. Но, кога нејзиното барање било одбиено, таа побеснeла и почнала да го напаѓа.

Расправијата брзо ескалирала и завршила со масовна тепачка меѓу две групи на жени.

Шокантната снимка покажува како жена со кадрава коса се обидува да скокне на седиштето зад неа за да дојде до друг патник. За среќа, во тоа била спречена од стјуардеса.

За неколку секунди друг патник вреска и напаѓа една жена, ја влече за коса и постојано и удира шлаканици. Во исто време уште една жена ја кубе за коса, која набрзо сфаќа дека во хаосот останала со голи гради.

Тепачката избила додека патниците чекале да полетаат, а стјуардесите успеале да исфрлат група од 15 патници од авионот, кој полетал со два часа задоцнување.