Двајца мртви и 13 ранети е билансот на престрелката која се случила за време на забава во неделата наутро во компанија која работи како шлеп служба во Чикаго.
Истражителите се сомневаат дека престрелката, која се случила околу 04:40 наутро по локално време е поврзана со банди.
Во извештајот се наведува дека една жена е погодена трипати, од кои еднаш во главата. Нејзиното тело било пронајдено надвор од зградата, додека еден маж со рани од куршум во вратот и ногата подоцна е пронајден мртов во задната просторија, пренесува „Чикаго трибјун“.

Жената е идентификувана како Рејниш Дотстон (30), а мажот како Лајонел Дарлинг (39). Двајцата се прогласени за мртви на лице место во 04:55 наутро, рекла портпаролката на канцеларијата на судскиот вештак, Наталија Деревјани.
Видеото може да го погледнете ТУКА.