
Маск бил „уловен“ во друштво на својата 23 години помлада нова девојка како ужива на ручек во Сен Тропе.
Илон Маск и австралиската актерка Наташа Басет биле забележани како отседнуваат во хотелот „Шевал Бланк“, каде едно ноќевање изнесува повеќе од 1300 долари. 50-годишниот милијардер и 27-годишната актерка пиеле вино, јаделе помфрит и разговарале, а потоа фатени за рака го напуштиле скапиот ресторан.

Парот за првпат беше виден заедно во февруари, само 2 месеци откако Маск и пејачката Грајмс го добија своето второ дете по пат на сурогат мајка.
Која е Наташа Басет?
Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Остварила неколку улоги во ТВ серии како „Hail! Caesar“ и го толкуваше ликот на Бритни Спирс во филмот „Britney Ever After“.
Со актерство се занимава од 14-годишна возраст, а публиката ќе има прилика да ја гледа и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.
„Наташа напорно работи на изградба на својата кариера, а иако нему не му смета што сега се знае за нивната врска, ја поддржува нејзината желба да се прослави со својата работа, а не како девојка на Илон Маск“, велат пријателите на милијардерот.