Маск на Твитер: Американци, утре гласајте за републиканците

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најбогатиот човек на светот, денеска им препорача на гласачите во САД да гласаат за републиканските кандидати за Конгресот во САД на изборите на средината на мандатот кои се одржуваат во вторник.

„Независни гласачи: поделената власт ги спречува најлошите ексцеси на двете партии, па ви препорачувам да гласате за републикански Конгрес со оглед на тоа дека претседателството е демократско“, напишал Маск на Твитер.

Google search engine

Откако го преземал Твитер, групите за граѓански права го критикувале ставот на Маск за модерирање на содржините, поради неговиот апсолутистички став за слободата на говорот, очекувајќи дека количината на дезинформации и говор на омраза ќе се зголемат на платформата.

Демократите на Бајден се соочуваат со тешка борба да ја задржат контролата над Конгресот на изборите во вторник.

Непартиските прогнозери на изборите и анкетите укажуваат дека републиканците имаат многу големи шанси да освојат мнозинство во Претставничкиот дом, а ќе се води и голем борба за контрола на Сенатот.

Маск претходно рекол дека ќе гласа за републиканците, но истакнува дека ги поддржува умерените политичари од двете партии.

„Тврдолиниските демократи или републиканци никогаш не гласаат за другата партија, така што независните гласачи ќе бидат оние кои ќе одлучат кој ќе биде главен“, напишал Маск на Твитер.

- АУДИО РЕКЛАМА -