Машина од 6,5 тони само што не го „смачкала“: Актерот после тешката несреќа цел во модринки и рани – се огласи од болница

Актерот Џереми Ренер се огласи со порака од болничкиот кревет и се заблагодари на поддршката во изминатите денови, откако се здоби со тешки повреди додека чистел снег.

Актерот се огласи денеска, споделувајќи на Инстаграм фотографија во болнички кревет.

Google search engine

„Ви благодарам на сите на убавите зборови. Сега сум премногу збунет за да пишувам. Но, ви испраќам љубов на сите“, напиша актерот.

Ренер се здобил со повреда на градниот кош и ортопедски повреди, откако учествувал во несреќа со машина за чистење снег на неговиот имот во Невада за време на новогодишниот викенд, па веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Актерот бил опериран на 2 јануари и останал на одделението за интензивна нега во критична, но стабилна состојба.

Ренер е најпознат по улогата во филмскиот универзум на Марвел, почнувајќи од „Thora“ (2011) и „The Avengers“ (2012). Неодамна глумеше и во серијата на Disney+ „Hawkeye“.

Ренер беше номиниран за Оскар за неговите улоги во „The Hurt Locker“ (2008) и „The Town“ (2010). Тој се појави и во филмовите „Mission: Impossible – Ghost Protocol“ (2011), „American Hustle“ (2013) и „Mission: Impossible — Rogue Nation“ (2015).