Пејачката Марија Шерифовиќ одговараше на прашањата на своите фанови на социјалните мрежи, а по тој повод откри дали планира да стапне на лудиот камен. Сега единствената српска победничка на Евровизија одговараше на прашањата на нејзините следбеници на нејзиниот канал на Јутјуб и во таа прилика проговори за емотивните врски.
– Не сакам да се мажам. Мислам дека е бесмислено, хартијата само прави проблем. Ако луѓето се сакаат, каква е користа од таа хартија? Ги разбирам луѓето кои се многу религиозни, па сакаат да направат црковна венчавка. Верувам дека хартијата носи само проблеми, дополнителен товар и најмногу проблеми во моментот кога сакаш да се разведеш – изјави пејачката.
Шерифовиќ беше прашана и дали некогаш била во токсична врска:
– Мислам дека сум и дека во некоја фаза од животот сите сме биле во врска која не била баш најздрава.