Манекенката во провиден фустан смело го покажала секој дел од своето совршено тело

И, додека се шпекулира дека Емили Ратајковски е во врска со поранешното момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, таа не се огласува, туку смело позира на црвениот тепих во провиден фустан.

Манекенката Емили Ратајковски синоќа се појавила на забавата на „Swarovski“ во Њујорк во многу ризичен фустан којшто јасно е дека речиси само таа може да го носи.

Google search engine

Тесна, „залепена“ креација во горниот дел која е целосно транспарентна, но тоа на оваа манекенка не ѝ претставувало никаков проблем за смело да позира пред фоторепортерите.

Да ве потсетиме, јавното откривање на телото за Ратајковски не претставува речиси никаков проблем поради тоа што таа се фотографираше за насловната страница на еротскиот магазин „Treats!“ и за неа тоа не било ништо страшно затоа што со своите родители уште како адолесцент одела на нудистички плажи.

- АУДИО РЕКЛАМА -