Манекенката Елса Хоск (32) се породила пред само седум недели, но веќе се враќа на работните задачи. Таа неодамна на Инстаграм сподели фотографии со ќеркичката Тулики, од која не се одвојува, па дури и кога оди на снимање.
„Првиот ден на мама на снимање после долгата пауза, а погледнете кој дојде со мене“, напишала славната Швеѓанка покрај фотографијата на која ја дои ќеркичката на предното седиште од автомобилот.
И покрај тоа што оваа фотографија го слави мајчинството и на жените им испраќа порака дека не мора да се откажат од кариерата за да бидат мајки, Елса набрзо се нашла на мета на критики и навреди.
Имено, таа подоцна со своите 6.400.000 следбеници споделила ‘стори’ на кое открила дека после оваа објава ѝ пристигнале многу пораки во кои мажи ѝ се закануваат и ѝ упатуваат низа лоши коментари.
„Интересно е колку приватни пораки добивам од мажи кои се навредени кога ќе видат фотографија на која доиш… Зошто најприродната работа на светот ти е навредлива: Градите буквално постојат за да ги храниме нашите деца“, напишала Елса.
Да потсетиме, на манекенката на Викторија Сикрет, малата Тулики ѝ е прво дете, а го добила во врска со Том Дали. Парот е заедно од 2015-та година, а буквално се неразделни и никогаш не биле предмет на шекулаци и скандали.