Макрон: Не би ја користел реториката на Бајден дека Путин врши геноцид

Францускиот претседател Емануел Макрон одби да ги опише руските злосторства во Украина како геноцид.

Запрашан од новинар на француската јавна телевизија дали би го употребил тој збор за да ги опише руските активности во Украина, како што тоа го направи американскиот претседател Џо Бајден во два наврата, Макрон рече: „Би бил претпазлив со таквите термини бидејќи тие се две братски народа (Русите и Украинците).“

Реклама

„Сакам да продолжиме да се обидуваме, колку што е можно, да ја запреме оваа војна и да го обновиме мирот. Не сум сигурен дека таква ескалација на реториката служи за таа цел“, рече Макрон.

„Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека оваа ситуација е неприфатлива и дека е воено злосторство. Сведоци сме на невидени воени злосторства на нашата земја, на нашата европска земја“, рече Макрон.

Францускиот претседател, кој наскоро го очекува вториот круг од претседателските избори, истакна дека Франција соработува со Украина во истрагата за воените злосторства.

„Русија еднострано започна исклучително брутална војна и сега е утврдено дека руската армија извршила воени злосторства. Мораме да ги најдеме одговорните“, истакна Макрон.

Реклама